ЧЕСТВУВАЊА-113 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ЈОРДАН ПИПЕРКАТА PDF Печати
Вести
Velmevci-brezovo-1

10.08.2016

ВО БРЕЗОВО И ВЕЛМЕВЦИ СЕ ОДРЖА ДОСТОИНСТВЕНО ЧЕСТВУВАЊЕ ЗА ПИПЕРКАТА

По повод 113 годишнината од загинувањето на Демирхисарскиот војвода со козичко потекло, Јордан Силјанов Пиперката, Општината Демир Хисар денеска го организира традиционалното чествување.

Најпрвин, пред неодамна реставрираната одбранбена кула од којашто Војводата Јордан изведувал борбени операции, висока општинска делегација предводена од претседателот на Советот на општината, Ѓоко Василевски, секретарот Љупчо Ангелевски и раководители на јавни претпријатија и установи, како и претставници на здружението „Тодор Александров“ од Битола и Демир Хисар, положија цвеќе. На малата свеченост што се одржа во дворот на Кулата и пред куќата каде што во 1902 година, по големата аскерска опсада, Јордан успеал да ги надмудри локалните османлиски војсководци, младите историчари Слаче Велјановски од Демир Хисар и Ѓорѓи Чекутков од Битола, одржаа историски час посветен на животниот и револуционерниот пат на Јордан Силјанов, Velmevci-brezovo-2како и за легендарните вооружени пресметки што се „одиграле“ во славно Брезово.

По честувањето во Смилево, двете делегации се преселија во Велмевци, поточно, на месноста Черешна, каде што, по негова желба е погребан Јордан Силјанов Пиперката и уште неколку негови соборци.

На почетокот од чествувањето, најпрвин се одржа панихида на гробовите на Јордан и другите војводи, а потоа, делегациите на Општина Демир Хисар, здружението „Тодор Александров“, како и жители на селото Велмевци, положија цвеќе, а историчарите одржаа пригоден историски час.

Инаку, по повод годинашново чествување на годишнината од загинувањето на Јордан Пиперката, општината Демир Хисар, веднаш зад споменикот на Пиперката, постави два јарболи на кои што од неодамна, постојано се веат знамето на Република Македонија и знамето на Општина Демир Хисар.
Исто така, на локалниот пат за Велмевци што се одвојува од регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, општината постави соодветна туристичка сигнализација.

Velmevci-brezovo-3

Velmevci-brezovo-4

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер