ТУРИЗАМ-СИГНАЛИЗАЦИЈА PDF Печати
Вести
Signalizacija-velmevci-1

10.08.2016

ТУРИСТИЧКА СИГНАЛИЗАЦИЈА ЗА ВЕЛМЕВЦИ

По повод 113 годишнината од загинувањето на Демирхисарскиот војвода Јордан Силјанов Пиперката, Општината Демир Хисар, на денот на чествувањето, постави туристичка сигнализација.

Две големи инфо – табли со мотиви од селото Велмевци, како и фотографии од гробовите на Пиперката, неговите соборци и споменикот кај месноста Черешна, на околу 13-ина метри од коловозната лента, поставени се на левата страна од регионалниот пат Демир Хисар – Кичево.

Досега, не постоеше речиси никаква туристичка ознака или сигнализација што го мапираше историското Велмевци и месноста Черешна каде што, по желба на Пиперката, по неговото загинување погребани се неговите и моштите на уште неколку негови соборци.

- Селото Велмевци е едно од најпиторесктните демирхисарски села со исклучителнно ендемично природно Signalizacija-velmevci-2опкружување, и со многу историја. Но малкумина досега знаеја дека во непосредна близина на ова село се наоѓа и вечното почивалиште на еден од најлегендарните македонски борци, демирхисарскиот војвода Јордан Силјанов Пиперката кој е погребан во непосредна близина на селото. Со поставувањето на оваа сигнализација што општината, со сопствени средства, ја изработува и поставува на повеќе локалитети низ општината, сакаме да ги деанонимизираме најатрактивните и историски најпознатите локалитети и културно – историски споменици во општината, како потенцијална туристичка дестинација но и во едукативни цели – вели градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски кој не го крие задоволството што овој проект, по имплементирањето во Смилево, Слепче и изворите на Црна Река, наиде на општо одобрување од страна на граѓаните.

Наскоро, по повод Денот на општината, ваква туристичка сигнализација ќе биде изработена и поставена за манастирот Свети Јован Претеча, селото Бабино и селото Брезово.



Signalizacija-velmevci-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер