МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА-БЕСПЛАТЕН ОДМОР ВО ТУРЦИЈА PDF Печати
Вести
Letuvalci_vo_Turcija-poaganje-1

15.08.2019

ДЕМИРХИСАРСКИТЕ ЛЕТУВАЛЦИ ПРИСТИГНАА ВО БАЛЧОВА

Денеска околу пладне, во Измир, Република Турција, пристигна групата демирхисарски летувалци.

На покана на братската измирска општина Балчова, 28 демирхисарчиња на возраст над 14 години, бесплатно ќе престојуваат во оваа измирска општина со којашто, Општина Демир Хисар, од неодамна воспостави партнерски односи.

Посетата е резултат на возвратната посета на делегација од оваа општина на Општина Демир Хисар и на договорот помеѓу градоначалниците на Балчова, Мехмет Али Чалкаја и на Демир Хисар, Љупчо Блажевски, за бесплатна посета и престој во Турција на група од деца на семејства корисници на социјална заштита, како и талентирани и надарени ученици и генерациски рвенци во - како една од почетните форми на меѓусебна меѓународна, Letuvalci_vo_Turcija-poaganje-2меѓуопштинска соработка.

- Во Балччова пристигнавме околу пладне. Се сместивме, а попладнево очекуваме официјален прием што во наша чест го организира лично градоначалникот на Балчова, г-н Чалкаја, а веќе за утре ни најавија дека ќе биде организирана посета на Ефес, еден од најпознатите антички градови во Римското царство. Задутре се најавува посета, капење и сончање во Кушадаси, едно од најпознатите монденски летувалишта – ни изјави пред малку секретарот на Општина Демир Хисар Љупчо Ангелевски кој е водач на патувањето.

Групата демирхисарски летувалци во Турција ја придружуваат неколку стручни лица - лекар, социјален работник, педагог, наставници, како и претставници на Советот на Општина Демир Хисар.




Letuvalci_vo_Turcija-poaganje-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер