БИЗНИС - КУЛТУРА PDF Печати
Вести
sostanok_so_ugostiteli-1

17.08.2016

РАБОТЕН СОСТАНОК СО УГОСТИТЕЛИТЕ

Четири регистрирани локални угостителски компании ќе ги „опслужуваат“ угостителските потреби на посетителите на претстојниот рок спектакл во Демир Хисар – РОК ХЕПЕНИНГ ДЕМИР ХИСАР 2016.

Кафетериите „Конект“ и „Тандер“, мезе барот „Спринк“ и ресторантот „Европа“ се угостителските локали коишто се заинтересирани да постават сопствени услужни тезги за време на одржувањето на настапот на познати македонски рок групи, а во рамките на Демирхисарското културно лето 2016.

Според прелиминарниот устен договор, угостителите презедоа обврска на општината да и платат закупнина за деловен простор на градскиот плоштад во износ од 4.000 денари и на своите штандови, за време на настанот да sostanok_so_ugostiteli-2продаваат само пиво и освежителни пијалоци.

На средбата, демирхисарските угостители беа информирани дека целокупниот приход од уплатената закупнина, Општината ќе ги уплати во хуманитарни цели, односно на банкарската сметка за помош на настраданите од неодамнешните поплави во Скопско.

Најголемата регионална музичка приредба РОК ХЕПЕНИНГ ДЕМИР ХИСАР 2016 ќе се одржи в петок, 19. август со почеток во 21:00 часот, на градскиот плоштат „8. септември“, а покрај другите учесници, ексклузивно ќе настапи најпознатата македонска рок група СУПЕР ХИКС.



sostanok_so_ugostiteli-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер