Дезинсекција комарци - Трета Фаза 2016 год. PDF Печати
Вести

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

.

ТРЕТА ФАЗА ОД ПРЕВЕНТИВНА СИСТЕМАТСКА ДЕЗИНСЕКЦИЈА

ЗА УНИШТУВАЊЕ НА КОМАРЦИТЕ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

.

     Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и препораките на Министерството за здравство на РМ, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Демир Хисар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општина Дсмир Хисар како општа противепидемиска мерка, ЈЗУ Центар за јавно здравје - Битола го издава следново соопштение:

.

     Ве известуваме дека во деновите30.08.2016 (вторник) и 31.08.2016 (среда), екипи на Центарот за јавно здравје ќе ја спроведуваат ТРЕТА ФАЗА од теристичката (од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците.

Запрашувањето ќе се врши во периодот од 19.00 до 02.00 часот наутро, со апаратура на УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило. Со оглед на тоа дека активностите ќе се изведуваат во вечерните часови, на возилото со апаратурата за дезинсекција ќе му предходи друго возило означено со ротационо светло.

     Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата но течението на реките и водотоците, застојни води и подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Д. Хисар, урбани населби и локалитети предвидени во планот на програмата.

     Третирањето ќе се изведува со препаратот AQUA K-OTHRINE со активна супстанца DELTAMETRIN.

     Со информации за активностите од страна на ЈЗУ ЦЈЗ Битола известени се и медиумите, здруженијата на пчеларите, здравствените институции, локалната саамоуправа и други институции.

     Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.

За сите информации и прашања отворен телефон за контакг во Центарот за јавно здравје Битола 208-100; 208-101.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер