ОБРАЗОВАНИЕ PDF Печати
Вести
Nova_ucebna_godina-1

ЗБОГУМ РАСПУСТУ, ПОЧНА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА!

01.09.2016

Првото септемвриско ѕвоно, денеска го означи почетокот на новата учебна година за демирхисарските основци и средношколци.

Река од ученици и родители на новите првоодделенци, изутрина се слеваше кон сите училишта низ општинава, а најсвечено и највузбудливо беше секаде каде што имаше првоодделенци кои денеска прпат зачекорија кон училишните врати.

Највозбудливо и најраздвижено беше во дворот на најстарото и најголемо централно училиште „Гоце Делчев“ во Демир Хисар. Откако, најпрвин влегоа учениците од погорните одделенија, ученичките клупи првпат ги „запоседнаа 21 првоодделенец. Во кабинетот по музичко, ги пречекаа нивните другарчиња од II одделение кои минатата година беа првачиња, нивните родители, одделенските раковителки, директорот Никола Најдовски, како и претставниците на Општина Демир Хисар - Ѓоко Василевски, претседател на Советото на општината и Љупчо Анггелевски, секретар на општината.

Nova_ucebna_godina-2Честитајќи им го поаѓањето во прво одделение, на сите првачиња им подарија пригодни подароци – разновиден училиштен прибор и други помамагала.

Иако помалкубројни, возбудата од првиот училиштен час „лебдеше“ и во Обедник. Новата учебна година започна за 4 првоодделенци кои ќе се образуваат во паралелката со настава на албански јазик.
Со два прста високо подигнати, се претставија и двете првачиња во Смилево. Во присуство на нивната одделенска наставничка и директорката Тања Ѓорѓиовски, Василевски и Ангелевски им врачија прввоодделенски подароци.

Обиколката на општинските училишта продолжи на другата географска страна од општината – во Сопотница. На големо и пријатно задоволство, во ова населено место годинава има дури 8 првачиња. Убаво и послушно „скоцкани“ ја пречекаа општинската делегација во училницата каде што беше во тек првиот „брифинг“ со нивната наставничка и секој од нив ги раскауваше првите впечатоци од влегувањето во новиот деветгодишен училиштен дом.

И овде, од она што им останало во сеќавање од минатата година, новите второодделенци, во чест на првачињата, низ детски рецитации, приредија уметнички дочек
Nova_ucebna_godina-3Општината организира средби и подари подароци и за првачињата од другите населени места.
Така советникот Саше Темелковски беше на прием на петте првачиња во Единаковци и двете првачиња во Вардино.

Советникот Дејан Босилковски беше на средба со тројцата журечки првоодделенски сожители и двете првачиња од Суводол, односно Кутретино.

И во Слепче беше организиран прием на првачињата. Како претставник на Советот на општината, таму беше советникот Љубе Дамчевски кој, во името на општината, на четирите првачиња им ги предаде подароците.

Учебната година започна и за демирхисарските средношколци. Новите средношколци, првиот училиштен ден го искористија за меѓусебно и запознавање со новите наставници, а веќе од утре започнуваат со редовна настава.
Nova_ucebna_godina-4
Nova_ucebna_godina-5
Nova_ucebna_godina-6
Nova_ucebna_godina-7
Nova_ucebna_godina-8
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер