КУЛТУРА PDF Печати
Вести
Izlozba-karolina-1

07.09.2016

Прва изложба на фотографии во Демир Хисар

ФОТОГРАФИИТЕ НА НОВИНАРКАТА МИЦЕВСКА, НА ИЗЛОЖБЕНО ПАНО ВО ДЕМИР ХИСАР

Познатата прилепска новинарка Каролина Мицевска е најоригинален показ, колку фотографијата како визуелен медиумски израз, може да биде во позитивна и надополнувачка функција на новинарската сторија. Таа е новинар кој што со своите фото прилози дава и документира визуелна веродостојност, и со својот фотоапарат, „спасува и спаструва од заборав“ голем број настани од сите сфери на животот.



Со ваков отприличен шлагворт, денеска беше отворена првата изложба на фотографии од прилепската новинарка Каролина Мицевска, а во предвечерието на големата прослава на 8. септември, денот на независноста и 25. годишниот јубилеј од независноста на Република Македеонија.

- Невообичаено неповолните временски услови, само привидно нè принудија, во последен момент да го преосмислиме затворањето на годинашното Демирхисарско културно лето. Многу сум среќен и радосен, и со посебно задоволство ќе говорам колку е важно, доблесно, несекојдневно и оригинално што, со овој таканаречен посебен новинарско – уметнички израз означуваме и прогласуваме крај на најголемата општинска културна манифестација во Демир Хисар, Културно лето 2016.
Временските прилики овој пат не беа на наша страна, но затоа пак сум со големи чувства кои ги исполнуваат моите сфаќања, дека, современата фотографија станува најмоќното, наоригинално и најостро средство за преиспитување и осознавање на светот во кој што живееме и на светот што го создраваме.
Изложбата на Мицевска ја доживеав и ја прогласувам за завршен културен херувим на Демирхисарското културно лето 2016 – рече покрај другото во својата пригодна беседа градоначалникот Љупчо Блажевски кој ја отвори изложбата.

Izlozba-karolina-2Авторот на изложбата Каролина Мицевска е дипломиран новинар. Покрај пишувањето, секојдневна пасија и е фотографирањето. Овековечува настани, објекти и личности. Моментално работи како лице за односи со јавноста во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и е постојан дописник на дневниот весник „Нова Македонија„
Изложбата ќе биде отворена до 15. септември 2016,








Izlozba-karolina-3











Izlozba-karolina-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер