ТРКА НА МИРОТ 2016 -2 PDF Печати
Вести
TRKA_NA_MIROT-MARSRUTA
ТРКА НА МИРОТ НИЗ ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР

15.09.2016

Општина Демир Хисар на 26. овој месец ќе биде дел од Трката на мирот – глобална штафета со факел која што го симболизира универзалниот стремеж на човештвото за повеќе мир во светот.
Трката на мирот која што се одржува веќе 27 години го претставува најдолгиот и најголемиот напор кој што е организиран на локално и глобално ниво за мир во светот, а факелот на мирот досега има посетено повеќе од 140 нации.
Во Општина Демир Хисар факелот на мирот ќе биде преземен од крушевските учесници и ќе влезе од регионалниот пат Крушево - Демир Хисар, кај бензиската станица „МАИТ“, околу 11:00 часот и ке се движи кон градскиот плоштад „8. септември“, каде што факелот на мирот ќе му биде предаден на градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски. Овој настан ќе биде одбележан со пригодна свеченост во организација на ученици, дечиња од детската градинка, фолклорни и културно - уметнички друштва и групи, невладини организации и спортски друштва и асоцијации.
Во трката на мирот можат да учествуваат спортисти и рекреативци, и млади и стари, сите оние што сакаат да го носат факелот неколку чекори или, неколку километри. Сите имаат шанса, носејќи го факелот да направат чекор кон светскиот мир.
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер