ТРКА НА МИРОТ 2016 - 3 PDF Печати
Вести
Trka_na_mirot-1

26.09.2016

ДЕМИР ХИСАР ПРИРЕДИ СРДЕЧЕН ДОЧЕК НА ФАКЕЛОТ НА МИРОТ

Демирхисарци денеска беа домаќини на факелот на мирот што во рамките на глобалната штафетна Трка на мирот на влезот од градот.

Група од 25 момчиња и девојки на возраст од 9 до 13 години, истрчаа патека во должина од над 1 километар, а централната церемонијална прослава се одржа на градскиот плоштад „8. септември“ на која што присуствуваа дечиња од детската градинка како и ученици од скоро сите основни и средното училиште.

Факелот на мирот свечено му беше предаден на претседателот на Советот на Општина Демир Хисар, Ѓоко Василевски кој, покрај другото порача:

- Од Демир Хисар, од најреволуционерното и најмирољубиво место на светот, со овој факел сакаме да испорачаме пожелби, таму каде што сеуште владее омразата, да завладее љубовта, таму каде што владее сомнежот, да донесе доверба, таму кадешто владее очајот, да завладее надежта, таму каде што е мрак, да донесе светлина, таму каде каде што владее жалоста, да донесе радост.

Во уметничката програма, покрај официјалната придружба на факелот на мирот, учествуваа дечињата од градинката, како и ученици од основните училишта „Гоце Делчев“, и „Браќа Миладиновци“ и средното училиште „Крсте Мисирков“.

Trka_na_mirot-2На крајот од свеченоста, претставниците на организаторот на Трката на мирот, во знак на благодарност и признание за одличната организација и топлиот прием, на Општина Демир Хисар ѝ предадоа специјално признание.

Попладнево Трката на мирот ќе пристигне и престојува во Битола и Ресен.

Фотографии: Општина Демир Хисар

Trka_na_mirot-3

Trka_na_mirot-4


 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер