СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА PDF Печати
Вести
Stanovi-1

30.09.2016

ВО СОЦИЈАЛНАТА ЗГРАДА СЕ ВСЕЛИЈА ПРВИТЕ СТАНАРИ

Со големи задоволство, возбуда, изливи на среќа и по некоја солза радосница на очиглед, новите станари на таканаречената социјална зграда во Демир Хисар, денеска ги добија клучевите од становите.

Претставници на подрачното одделение на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простот, денеска ги предадоа клучевите на новите 20 кираџии, а претставници на изведувачот и ЕВН, беа, исто така, на чинот на предавање со цел да остранат евентуални мали технички или изведбени проблеми што би можеле да настанат од моментот на изградбата до денес.

Наредниов период треба да се распределат уште 5 станови за кои сеуште е во тек постапка по поднесени жалби и приговори, но од Јавното велат дека може да се очекува дека наскоро ќе бидат доделени и останатите станови.

Зградата со цијални станови ја градеше Владата на Република Македонија, а со значителни средства во подготовките на теренот и комуналните приклучоци, учествуваше и Општина Демир Хисар.

Stanovi-2

Stanovi-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер