ЧЕСТВУВАЊА - 11. ОКТОМВРИ PDF Печати
Вести
Cveke-11_oktomvri-1

11.10.2016

ДЕМИР ХИСАР ГО ОДБЕЛЕЖА 11. ОКТОМВРИ

Со пригодно традиционално чествување, во Демир Хисар денеска беа одбележани 11. октомври, Денот на народното востание и 75 годишнината од почетокот на вооруженото востание против фашистичкиот окупатор.

Во рамките на чествувањето, најпрвин делегација на општинското здружение на борците придружувана од градоначалникот Љупчо Блажевски, положи цвеќе на споменичното обележје на Стојан Лазаровски.

Чествувањето продолжи пред Споменикот на паднатите демирхисарски револуционери што се наоѓа во градскиот парк.
Во името на локалната самоуправа и граѓаните на Општина Демир Хисар, пред споменикот положија цвеќе и се поклонија градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот, Ѓоко Василевски и советникот Дејан Босилковски.

Чествувањето го збогати делегацијата на здружението на борците којашто, исто така положи цвеќе.

Единствен претставник на политичките партии којшто присуствуваше и учествуваше на чествувањето беше официјалната делегација на Општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ предводена од претседателката и актуелна пратеничка, Соња Талевска.

На чествувањето присуствуваа и неколку раководители на јавни претпријатија и установи.







Cveke-11_oktomvri-2
Cveke-11_oktomvri-4
Cveke-11_oktomvri-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер