ПРОТОКОЛ PDF Печати
Вести
Priem_na_plaketa-1

13.10.2016

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ ПРИМИ ПЛАКЕТА НА СОЈУЗОТ НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ

Општина Демир Хисар е една од општините во Република Македонија којaшто во континуитет од неколку години, посветено и со голем интерес ги следи и поддржува активностите на Сојузот на здруженијата на пензионерите. Поддршката што се демонстрира преку најразлични форми, а резултираше со  учество на демирхисарските пензионери на 16. Меѓународен фестивал „Трето доба“ што неодамна се одржа во Република Словенија. Со ова гостување, демирхисарската пензионерска машка фолклорна група, достојно и репрезентативно ја претставуваше Република Македонија.

Priem_na_plaketa-2Ова, покрај другото беше речено на денешниот протоколарен прием што градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски го организира за претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски и претставниците на општинското пензионерско здруженија.

Претседателот Аргировски, заблагодарувајќи се за поддршката и исклучителното лично залагање и придонес на градоначалникот, рече дека неговиот позитивен однос е најдобар и најоригинален пример што треба да се следи и пофали.


Во знак на благодарност и признание за големиот придонес во пензионерското организирање, претседателот Аргировски на градоначалникот Блажевски му врачи специјална Плакета. При тоа тој изрази надеж дека соработката ќе продолжи во двонасочен правец.

На денешната протоколарна средба, а како признание за вонредниот ангажман и лични заслуги за учеството на демирхисарските пензионери на фестивалот „Трето доба“ каде што играорците демонстрирале исклучително квалитетна уметничка програма којашто била со Priem_na_plaketa-3овации прифатена и поздравена, градоначалникот Блажевски, на претседателот на Македонските пензионери, Драги Аргировски, му подари голема икона со ликот на свети Архангел Михаил изработена од демирхисарскиот сликар Љубе Неделковски Бобек.









Priem_na_plaketa-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер