ЧЕСТВУВАЊЕ - 23. ОКТОМВРИ PDF Печати
Вести
Cestvuvanje-23_oktomvri-1

23.10.2016

ЧЕСТВУВАЊЕ ВО СМИЛЕВО ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Свеченостите што ги организира Општина Демир Хисар по повод Денот на македонската револуционерна борба се одржаа во Смилево - местото, симболот и гордоста на македонската национална идеја. Висока општинска делегација што ја предводеа градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на Советот Ѓоко Василевски и пратеничката во Собранието на РМ, Соња Талевска, положи свеќе на спомен костурницата на Даме Груев, Споменикот на Смилевските илинденци и на споменикот во спомен паркот „Даме Груев“.

На чествувањето учествуваа и делегации на Општинскиот комитет на ВМРО - ДПМНЕ Демир Хисар, Здружението „Даме Груев“ од Битола и Здружението на пензионерите од Демир Хисар. По повод празникот, пред споменикот во спомен паркот „Даме Груев“, се одржа мал историски час на кој што говореше историчарот Владо Кузмановски

Cestvuvanje-23_oktomvri-2

Cestvuvanje-23_oktomvri-3

Cestvuvanje-23_oktomvri-4

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер