ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати
Вести
Pat_za_Smilevo

25.10.2016

УБАВА ВЕСТ ЗА СМИЛЕВЦИ – СЕ РАСПИША ТЕНДЕРОТ ЗА ИЗГРАДБА НА ПАТОТ ДО МАНАСТИРОТ

 

Во согласност со правилата и пропишаната процедура на Светска банка, на 22. овој месец, Општина Демир Хисар распиша јавен оглас, односно повик за понуди изградба на локален пат с. Обедник – с. Смилево – манастир Св. Петар. Со оваа објава, се повикани сите квалификувани изведувачи да дадат понуди за изведување на градежните работи кои вклучуваат изградба на овој капитален објект што градоначалникот Љупчо Блажевски јавно го најави на големата илинденска прослава во Смилево во 2015. година

 

-          Иградбата на патот до манастирот Св. Петар, досега е најголем проект што се изведува во нашата општина. Граѓаните на Смилево треба да бидат задоволни што  после 22 години, конечно ќе се остварат желбата и потребите за изградба на модерен асфалтен пат до овој локалитет.-вели градоначалникот Љупчо Блажевски.

 

Патот ќе биде долг 5699 метри, широк 3,5 метри, со банкини од тампониран слој во широчина од по 75 сантиметри и 18 пропусти за прифаќање на атмосферските води.

-          260 илјади евра обезбедивме од Европската унија преку ИПА претпристапните фондови и истите се администрирани според правилата на Светска банка, а остатокот до 468.828 евра, колку што изнесува проценетата вредност,  како долгорочно кредитно задолжување, ќе ги обезбеди општината. Советот на општината на оваа тема расправаше уште минатата година и едногласно одлучи,  да се дозволи долгорочно домашно кредитно задолжување на општината во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги – додава градоначалникот Блажевски.

 

Како што се наведува во завршните одредби од јавниот повик, на 25. ноември, сите пристигнати понуди во присуство на понудувачите, јавно ќе бидат отворени. Од ова може да се извлече заклучок дека целата законска постапка одколу изборот на изведувачот може да биде завршена и пред нова година. Тое би значело, дека зависно од временските прилики, избраниот најповолен изведувач веднаш ќе може да почне со изведба на градежните работи.

 

-          Задоволен сум што се остваруват динамиките на исполнување на очекувањата на граѓаните од ветувањата што ги даваме. Очекувам и убеден сум  дека нашиот одговорен и приннципиелен однос, нешто и сериозно ќе продонесат и променат во перцепцијата за Демир Хисар и за квалитетот на живеење на неговите граѓани. – додава првиот човек на Општина Демир Хисар, градоначалникот Љупчо Блажевски

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер