ПРОТОКОЛ PDF Печати
Вести
Trajko_Veljanovski_vo_DH-1

27.10.2016

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ТРАЈКО ВЕЛЈАНОВСКИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ДЕМИР ХИСАР

 

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Велјановски вчера беше во еднодневна работна посета на Демир Хисар. На негово барање, најпрвин го посети селото Велмевци познато по природното опкружување од живописни предели и специфична селска архитектура, но и родно место на голем број познати македонски дејци и вечното почивалиште на Војводата Јордан Пиперката. Неговите домаќини, градоначалникот Љупчо Блажевски, пратеничката Соња Талевска и претседателот на Советот Ѓоко Василевски, го запознаа и со дел од историјата на селото.

Trajko_Veljanovski_vo_DH-2На пропатување за Демир Хисар, претседателот Велјановски ја посети Сопотница. На сопотничкото сретсело имаше средба со граѓани со кои разговараше за актуелни теми, состојби и проблеми.

Надвор од утврдената агенда, Велјановски го посети и манастирскиот комплекс свети Јован Претеча од каде што, како што изјави, понесува длабоки и силни впечатоци.

Попладнето претседателот Велјановски имаше работна средба со раководителите на повеќе локални јавни претпријатија и установи.

Trajko_Veljanovski_vo_DH-3
Trajko_Veljanovski_vo_DH-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер