ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати
Вести
Stadion-1

27.10.2016

ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН

 

Градежната оператива повеќе од две недели интензивно работи на реконструкцијата на градскиот стадион.

Откако до темел беа срушени старите соблекувални и другите помошни простории за делегатот и судиите, се започна со поставување на фундаментите за новите објекти што ќе бидат дел од проектот за реконструкција, односно за новите соблекувални и другите помошни простории.

Stadion-2Со почетокот на градежните активности на коишто во прилог им одат и поболните временски прилики, дефинитивно паднаа во вода многубројните скептични и саркастични изјави на дел од политичките опоненти.

Инаку, според проектната документација, реконструкцијата, покрај изградбата на новите објекти, ќе опфати и изградба на трибина, жичено оградување и осветление за натпревари, тренинзи и рекреативни активности во вечерните часови.

Парите за овој градежен зафати општината ги обезбеди преку Агенцијата за млади и спорт. 

Stadion-3
Stadion-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер