МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА PDF Печати
Вести
Megjunarodna_konferencija-1

 27.10.2016

ДЕМИР ХИСАР СЕ ПРЕTСТАВИ ПРЕД TУРСКИ БИЗНИСМЕНИ

 

Во рамките на меѓународсниот собир за економски развој на пелагонискиот регион што неколку дена се одржува во општините од овој регион, синоќа Општина Демир Хисар  беше претставена пред 30-ина бизнисмени од Измир, Република Турција.

-          Целта е воспоставување нови бизниси меѓу стопанствениците од двата регионa, што треба да донесе и нови инвестиции во Пелагониско, вели Емилиа Ѓероска, директор на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.


Megjunarodna_konferencija-2Пред почетокот на презентацијата, пригодно поздравно обраќање имаше градоначалникот Љупчо Блажевски кој нагласи дека преку средбата со турските бизнисмени гледа убава можност да се покажат потенцијалите на регионот, односно, развојните перспективи на секоја општина одделно. Тој изрази посебно задоволство што преку престојот на оваа бизнис делегација гледа и убава можност за продлабочување на соработката со збратимената измирска општина Балчова.

Пред присутните бизнисмени кои доаѓаат од 17 различни сектори, од метелопреработувачаката индустрија, производство на храна, градежништво, мермер и рудници и друго, беше прикажана кратка видео презентација за општината Демир Хисар со посебен акцент на можностите и поволностите што ги има и ги нуди општината за инвестирање во
Megjunarodna_konferencija-3индистриската зона, како и во неактивираните производствени капацитети.

Деле од делегацијата денеска ќе биде во куса неколкучасовна посета на Демир Хисар

Megjunarodna_konferencija-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер