СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР PDF Печати
Вести
Sednica_na_sovet-1

31.10.2016

СОВЕТОТ ГО ВЕРИФИКУВА МАНДАТОТ НА СОВЕТНИЧКАТА БИЛЈАНА ПОПОВСКА

Од денеска, последниот кандидат од листата на коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО – ДПМНЕ, Билјана Поповска, е новиот, единаесетти член на Советот на Општина Демир Хисар.

Со мнозинство гласови, на денешната 55. редовна седница, Советот ја прифати оставката на членот на Советот Емилија Тасевска, а нејзиното место го пополни Билјана Поповска. Со денешното потврдување на мандатот на новата советничка, целосно се исцрпи кандидатската листа на Коалицијата „За подобра Македонија“ бидејќи, поради настанат судир на интереси, советничката функција претходно мораа да ја напуштата Кире Ристевски и Гоце Мицковски кои беа поставени за директори на јавни институции, потоа Јосиф Ристевски кој основа сопствена фирма, и Емилија Тасевска која поднесе оставка од приватни причини.
На денешното гласање за верификација на мандатот, опозиционите советници гласаа воздржано.

Инаку на денешната редовна седница со која што раководеше претсседателот Ѓоко Василевски се разгледаа, се расправаше и беа усвоени уште неколку документи од делокругот на надлежности на Советот: кварталниот извештај за извршување на Буџетот за периодот од јануари до крајот на септември, одлуката за отстапување на користење, управување и одржување на водоводот во местната заедница Рудничка населба, како и одлуката за утврдување на цени на комунални услуги.

Sednica_na_sovet-5

Sednica_na_sovet-2
Sednica_na_sovet-3
Sednica_na_sovet-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер