ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНТАТА PDF Печати
Вести
Poseta_na_MZ-1

 29 и 30.10.2016

НАБИЕНА ВИКЕНД АГЕНДА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ

 

Како дел од редовните и планирани работни активности, за време на измнатиот викенд градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, посети неколку населени места од демирхисарската горноселија. Целта на посетата и средбите со граѓаните беа, директно и непосредно  да се чујат потребите и проблемите со кои се соочуваат пред настапот на зимата. Но средбите и разговорите со граѓаните беа искористени и лично да им се соопштат плановите и проектите на општината во периодот што следи, а што биле дел од нивните нотирани барања или пак биле изборни ветувања.

Poseta_na_MZ-2Така при посетата на Базерник, градоначалникот Блажевски, неколкумината Базерничани што случајно ги сретна во селото бидејќи, како што во шега му рекоа, „се живо е на лов“, Блажевски ги информира дека најдоцна до напролет, дефинитивно ќе биде симнато од дневен ред едно од дамнешните барања на селаните – асфалт до селото. Се работи за недоасфалтирана делница на локалниот пат во должина од околу 600 метри која што, како што рече Блажевски, е влезена во најновиот план за санација и реконструкција на локални патишта во општината.

Што се однесува до нивното барање за санирање на водоводниот базен, беше речено дека општината со општински пари ќе изврши поправка по примерот на базените во Вирово, Вардино и други населени меса, и тоа можеби до крајот Poseta_na_MZ-3на оваа есен.

И во другите посетени населени места се разговараше на слична тема и за барање на заеднички решенија за помали инфраструктурни проблеми.

Во придружба на директорот на општинскиот Центар за социјална работа Јовче Крстевски и раководителот на Центарот за вработување, Тухомир Пауновски, градоначалникот Блажевски ги посети местните заедници Бабино, Базерник, Велмевци, Мали Илино и Големо Илино и на неколку социјално загрозени семејства и поединци им предаде помали пакети со храна и други намирници.

Poseta_na_MZ-4Градоначалникот Блажевски од среда ќе продолжи со посетите доколку не се оствари планирано службено патување во странство, во една подалечна земја.

Poseta_na_MZ-5
Poseta_na_MZ-6
Poseta_na_MZ-7
Poseta_na_MZ-8
Poseta_na_MZ-9
Poseta_na_MZ-10
Poseta_na_MZ-11
Poseta_na_MZ-12
Poseta_na_MZ-13
Poseta_na_MZ-14
Poseta_na_MZ-15
Poseta_na_MZ-16
Poseta_na_MZ-17
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер