КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ PDF Печати
Вести
Uvid_na_rabotite_vo_Zvan-1

16.11.2016

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БЛАЖЕВСКИ ИЗВРШИ УВИД  НА РАБОТИТЕ ВО ЖВАН

Во фаза кога се во полн ек градежните зафати во село Жван, градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, денеска изврши увид на завршените работи. Во придружба на изведувачот и стручно лице од локалната администрација, тој изврши увид на изградените 163 метри каменобетонски потпорни ѕидови на неколку локации во селото. Од средбата со жителите на селото беше информиран дека жванчани се многу задоволни како од обемот на градежните зафати, така и од квалитетот на извршените работи.

При обиколката на селото, жителите на селото од градоначалникот Блажевски побараа градежни интервенции на уште неколку локации во селото, така што, дополнително ќе бидат иградени или санирани уште неколку потпорни ѕидови во должина од околу 40 метри.

Целиот зафат го финансира Општина Демир Хисар со средства од сопствениот буџет, а на барање и со дозвола на местната заедница, во потпорните ѕидови е Uvid_na_rabotite_vo_Zvan-2вграден и дел од градежниот материјал што остана при расчистувањето на руините од поранешниот задружен дом.

Зависно од временските прилики, градежните работи ќе продолжат и наредниве денови.

По увидот во Жван, градоначалникот Блажевски замина во Смилево каде што, исто така изврши увид на завршени градежни активности на изградба на канализација во должина од 140 метри.

И овој зафат  е, исто така финансиран со пари од Буџетот на општината, а на барање на дел од жителите на ова село, во дел од населбата каде што постоела најголема опасност од загадување со фекалии.





Uvid_na_rabotite_vo_Zvan-3











Uvid_na_rabotite_vo_Zvan-4











Uvid_na_rabotite_vo_Zvan-5
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер