КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ - ХОРТИКУЛТУРА PDF Печати
Вести
Sadnici_na_bitolska-1

17.11.2016

„БИТОЛСКА“ ГО МЕНУВА ЛИКОТ -  ПОСАДЕНИ 130 УКРАСНИ РАСТЕНИЈА

 

По изградбата на шеталиштето во должина од околу 1300 метри и целосното преасфалтирање на коловозната лента во приближна должина, најголемата градска сообраќајница во Демир Хисар почна да го менува ликот.

-          Улицата „Битолска“ ќе биде гордост демирхисарска и гратското „огледало“ на Демир Хисар – вели градоначалникот Љупчо Блажевски.

Тој додава дека тука нема да се застане. По исцртувањето на хоризонталната сигнализација, општината и јавното комунално претпријатие „Комуналец“ започнаа со хортикултурното уредување на таканаречената зелена лента покрај главниот коловоз што се протега во должина на целата улица.

-          Посадивме околу 130 украсни растенија што ги одбравме во консултација на стручни лица, а можат успешно да вегетираат и опстанат на ова поднебје – вели директорот на „Комуналец“ Пецо Наловски. 

Се работи за растенија од фамилијата врбa (salix), односно жална врба – атрактивно џуџе црво со мали и едноставни зелени лисја и голи гранки покриени со златни пупки. Според стручното мислењето, овие растенија

имаат перфектни особини за режење и Sadnici_na_bitolska-2аранжирање и идеални за уредување на таканарелени неформални урбани градини. Одржувањето е лесно, растот е до 1,5 во висина, односно намногу до 1 метар во ширина. Покрај врбите, се посадија и околу 60 нискостеблести зимзелени грмишки коишто хортикултурно го надополнуваат просторот помеѓу секоја жална врба.

-          До крајот на есенва и календарскиот почеток на зимата, планираме да посадиме уште 50ина растенија од овој вид и тоа на потегот од зградата на општината до вкрстувањето со „1ви мај“, а скоро на секоја канделабра ќе биде поставена корпа за отпадоци, донација од збратимената општина Балчова, Република Турција, додава градоначалникот Блажевски .

Се работи за реализација на донација на 100тина механизми за пластични вреќи за собирање отпадоци што Општина Балчова ги донира за градот Демир Хисар, при престојот на група летувалци од Демир Хисар во Балчова, а како дел од договорот за почетна соработка што го постигнаа градоначалниците на двете општини при посетата и престојот во Демир Хисар.

Sadnici_na_bitolska-3
























Sadnici_na_bitolska-4
























Sadnici_na_bitolska-5
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер