КОМУНАЛНО УРЕДУВАЊЕ - ХОРТИКУЛТУРА PDF Печати
Вести
Novi_sadnici-1

24.11.2016

НА „БИТОЛСКА“ СЕ ПОСАДЕНИ НОВИТЕ САДНИЦИ

На потегот од општинската зграда, до просториите на Стопанска банка, во должина на улицата „Битолска“, денеска дополнително беа посадени 60 нови декоративни садници. Овој простор долж најголемата гратска сообраќајница не беше опфатен при првата акција бидејќи добавувачот не испорача доволни количини, и уредувањето се одложи за неколку денови.

Со оглед дека на овој простор е најголема густината на индивидуални, јавни и приватни стопански објекти, како и припојувањето и вкрстувањето сна поголем број споредни улици кон оваа сообраќајница, стручни лица препорачаа да се посади поголем број зимзелени нискостеблести, односно џбунести, а помал број листопадни садници.

Посадени се 40 парчиња џбунести декоративни садници од фамилијата на смрека со жолто – зелени нијанси и 20 растенија од фамилијата џуџеста жална врба.

Со денешната акција што ја спроведе заедничка екипа на општината и комуналното претпријатие, заврши есенското садење на декоративни растенија. За целосно хортикултурно уредување на оваа сообраќајница, откако се реконструира плочникот, приодите кон приватните и стопанските дворови, преасфалтирањето на коловозот и поставувањето на канти за отпадоци, наскоро ќе се спроведе уште една акција за поставување на бел камен гранулат во должина на жардењерскиот простор, како и црна најлон фолија за заштита и спречување на раст на коров, троскот и други диви треви и растенија.

Улицата „Битолска“ конечниот нов лик ќе го добие напролет за кога се планира поставување на ново тротоарско осветление и клупи за одмор.

Novi_sadnici-2

Novi_sadnici-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер