ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА - СМИЛЕВО PDF Печати
Вести
Smilevo-pat_za_manastir

25.11.2016

СЕ ОДРЖА ЈАВНО ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ ЗА ПАТОТ ЗА СМИЛЕВСКИ МАНАСТИР

Во присуство на претставници на понудувачите, а во согласност со одредбите од јавниот оглас и правилата на Светска банка и членовите на Комисијата за јавни набавки, денеска јавно беа отворени пристигнатите понуди за избор на најповолен изведувач за изградба на асфалтен пат до манастирот Свети Петар кај Смилево.

Како што информира претседателот на Комисијата Влатко Станковски, на отворениот јавен оглас, во припишаниот рок, понуди доставиле пет домашни квалификувани  изведувачи – сите познати македонски брендови во градежништвото. Станковски додава дека од првичното читање на пристигнатите понуди треба да се биде задоволен бидејќи, како што додава, горе – долу, сите се во рамките на проектираната вредност, односно, има понуди кои се и под таа вредност. Што ќе рече, постојат многу позитивни претпоставки да се избере квалитетен изведувач и да се постигне пониска цена од пресметковната.

Наредниве денови, на Комисијата за јавни набавки, пред конечната одлука за избор, ѝ претстои обемна, сериозна и одговорна работа – евалвација на сите пристигнати понуди. Оваа операција којашто е последна пред донесувањето на последната одлука за избор, ќе се спроведува според правилата и пропишаната процедура на Светска банка.

Од ова може да се извлече заклучок дека целата постапка околу изборот на најповолен квалификуван  изведувач може да биде завршена и пред нова година. Тое би значело, дека зависно од временските прилики, избраниот најповолен изведувач ќе може да почне со изведба на градежните работи бидејќи одлуката на Комисијата е конечна и без право на приговор или жалба до повисок орган.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер