ДЕН НА ДРВОТО 2016 - ЕСЕНСКИ ДЕЛ PDF Печати
Вести
Den_na_drvoto-1

30.11.2016

СНЕЖЕН ДЕН НА ДРВОТО

Првиот годинашен снег ги поремети планираните активности за есенскиот дел од Ден на дрвото. Така, заради пообилните снежни врнежи, подружницата на шумското стопанство „Бигла“, мораше да го одложи пошумувањето на планинските голини. Акцијата ќе се спроведе штом „стане“ снегот, а дел од одложените активности во градот што беа планирани за денеска, ќе се спроведат до крајот на неделава или за време на викендот.

Сепак, со најголема упорност пред налетот на зимата се покажаа учениците од основното училиште „Гоце Делчев“ и средното училиште „Крсте П. Мисирков“. За време на спроведувањето на Акицјата, ги придруижуваше градоначалникот Љупчо Блажевски, кој заедно со нив, посади неколку зимзелени дрвца.

Со низа активност околу уредувањето на болничкиот двор, се вклучија и вработените во Психијатриската болница за кои денешниов ден беше работен.













Den_na_drvoto-2
Den_na_drvoto-3
























Den_na_drvoto-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер