ПРЕЗЕНТАЦИЈА-ИНВЕСТИРАЊЕ PDF Печати
Вести
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ

Prezentacija_na_moznostite_za_investiranjeПроектот „Институционална надградба за координација и поддршка на бизнис активностите во Пелагонискиот регион“ под мотото „Градиме партнерства“ којшто во изминатиот период се реализираше во Пелагонискиот регион од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион (ЦРППР), а кој имаше за цел да ги координира и поддржи бизнис активностите во регионот преку серија на обуки, денеска продолжи да се реализира преку Локалните презентации и можностите за инвестирање во Демир Хисар.

Презентацијата се однесуваше за можностите за финансирање во општините Демир Хисар, Крушево, Кривогаштани и Долнени. Освен општината Крушево, на презентацијата присуствуваа претставници на општината домаќин, Демир Хисар, Кривогаштани и Долнени.

„ Не велам дека сте првпат во Демир Хисар, но сум убеден дека првпат сте во годишно време кога Демир Хисар е најубав и најпривлечен, време кога Демир Хисар вистински се „гуши“ во зеленило и недопрена природна убавина.

Изразувам и благодарност што како Ваш домаќин, денеска ми се укажа несекојдневна прилика да се обратам пред ваков аудиториум, но и да и оддадам признание и на директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, г-ѓа Ѓеровска и нејзиниот тим, што преку изборот на нашава општина да биде домаќин на оваа средби, демонстрира најава за дисперзија на настани од ваков вид. Ако до скоро ваквите работни средби беа привилегија само за поголемите општини во регионов, денешниов пример е добра најава и показ дека работите ќе се менуваат во позитивна насока“, рече покрај другото градоначалникот на општината Демир Хисар кој беше прв воведничар.

На средбата беа презентирани капацитетите со кои располагаат општините, даночните ослободувања, поддршката која ја нудат при обезбедувањето на дозволи и документациите.

Prezentacija_na_moznostite_za_investiranje-2

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер
Банер