ЗЕМЈОДЕЛИЕ PDF Печати
Вести
Min._zemjodelie-1
06.12.2016
МИНИСТЕРОТ ЗЕМЈОДЕЛИЕ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ДЕМИР ХИСАР

Во еднодневна повеќечасовна работна посета на Демир Хисар престојуваше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков. Во придружба на градоначалникот Љупчо Блажевски, министерот го посети откупниот пункт на Тутунскиот дилер „Пашоски“ во Демир Хисар. Целта на неговата работна посета беше, непосредно да се информира за текот на откупот во ова откупно претпријатие бидејќи, како што нагласи, пред извесен период извршил посета на откупните пинктови на другите откупни претпријатија во другите градови. При посетата, министерот Цветков подолго се задржа во разговор со присутните тутунопроизводители од кои изворно се информира за текот на откупот, но разговараше и одговараше на голем број прашања од тутунопроизводителите.
Min._zemjodelie-2- Да бидам искрен, не очекував дека ќе наидам на толку големо задоволство кај тутунопроизводителите за текот на откупот во ова претпријатие. Тутунарите се многу задоволни како од организацијата на откупот, така и од постигнатата откупна цена којашто се движи околу 200 ден. – изјави министерот Цветков кој по средбата со тутунарите имаше куса работна средба со менаџерскиот тим на „Пашоски“.
По посетата на ова откупно претпријатие, министерот Цветков имаше средба со група земјоделци и сточари. На средбата која што на задоволство на демирхисарските ратари траеше повеќе од 2 часа, министерот одговори на голем број прашања и информираше за новите мерки што се планираат за субвенционирање на земјоделското, односно сточарското производство.
Min._zemjodelie-4Min._zemjodelie-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер