КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО PDF Печати
Вести
15578515_10155644842492942_6171608845983047060_n

19.12.2016

СЛЕПЧЕНСКИОТ МАЧЕНИК  КИПРИАН ЌЕ БИДЕ КАНОНИЗИРАН ВО СВЕТИТЕЛ

До крајот на оваа или во почетокот на идната година, Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА, треба да донесе одлука за канинизирање  во светител на монахот Кипријан – новомаченик од манастирот свети Јован Претеча кај Слепче. Чинот на канонизација треба да се случи на 30 април идната година што се поклопува со денот на неговото мачеништво, со голем број верски свечености на коишто ќе присуствуваат и учествуваат великодостојници од  МПЦ – ОА, како и голем број верници од Демир Хисар, односно од Слепче и соседните градови и општини.  Се прават последните подготовки за изработка на акатист и животопис за Кипријан, какои икона со неговиот лик  што ќе бидат промовирани на денот на прославувањето, односно канонизацијата во новомаченички светител.

Исто така, до денот на канонизацијата се очекува да биде изграден и осветен параклис посветен на новомаченикот Кипријан Слепченски. Локацијата, каде што ќе биде изграден параклисот ќе биде дополително определена.

15622020_10155644842737942_3754493051946782065_nОва се дел од деталите што беа договорени деновиве во Преспанско Пелагониската Епархија на средбата со митрополитот Петар и старешината на манастирот Свети Јован Претеча, отец Серафим. На разговорите, покрај градоначалникот Љупчо Блажевски и негови соработници, присуствуваше и учствуваше познатиот македонски византолог, професор Д-р Сашо Цветковски од Истражувачкиот центар за културно наследство во Македонската академија на науките и уметностите.

Професрот Цветковски е првиот истражувач кој во Српските архиви најде оригинални стари записи за страдањата на монахот Кипријан кој служел во манастирот Свети Јован Претеча. Записите за Кипријан првпат беа обелоденети и промовирани на Меѓународниот научен симпозиум посветен на манастирот Свети Јован Претеча што Општина Демир Хисар го организра на 6. Јули 2014 година, на големата прослава на 1000 годишнината од смртта на Цар Самуил и 1000 годишнината од постоењето на манастирот и населбата Слепче.

Во записот, покрај другото стои:

“1780, месец април, велики четврток, вечерта влегоа арамии турци колци и го фатија игуменот Киприан. Три дена го мачеа со оган и почина на големиот ден...“

Денес, ова Висарионово четвороевангелие се наоѓа во Народната библиотека на Република Србија.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер