ЧЕСТВУВАЊА - 110 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДАМЕ ГРУЕВ PDF Печати
Вести
Cestvuvanje_za_Dame-1

23.12.2013

СМИЛЕВО ЈА ОДБЕЛЕЖА 110 ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА ДАМЕ ГРУЕВ

Денеска се навршија 110 години од трагичната смрт на Македонскиот великан од илинденскиот период, Даме Груев – основач и еден од истакнатите членови на ВМРО.

Во битка што се случила пред единаесет децении кај беровското село Русиново, смилевскиот учител и апостол загина на денешен ден во 1906. година.

Свеченостите започнаа со панихида во чест на Даме Груев што се одржа во соборната црква Свети Ѓорѓи во Смилево. Поголем број на жители на Смилево, членови на здружението „Даме Груев“ како и градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски, дојдоа во Смилево да му оддадат почит на македонскиот великан Даме Груев во неговото родно Смилево.

Пред неговата спомен костурница и споменикот на смилевските Илинденци, високи општински делегации предводени од градоначалникот Блажевски и претседателот на Советот Ѓоко Василевски, оопштинските училишта, јавни претпријатија, јавниустанови, здруженија на граѓани и Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, положија цвеќе.

Свеченостите продолжија во основното училиште „Даме Груев“ во Смилево каде што учениците од ова училиште, како и од другите основни општински училишта приредија богата културно – Cestvuvanje_za_Dame-2уметничка програма посветена на патронот.

Cestvuvanje_za_Dame-3

Cestvuvanje_za_Dame-4

Cestvuvanje_za_Dame-5

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер