ПРЕДНОВОГОДИШНИ СВЕЧЕНОСТИ PDF Печати
Вести
Novogodisen_bazar-1

29.12.2016

НОВОГОДИШЕН БАЗАР И ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕМИРХИСАРСКИТЕ ДЕЧИЊА

Во организација на општинското основно училиште „Гоце Делчев“, денеска на градскиот плоштад во Демир Хисар се одржа традиционалниот ученички новогодишен базар. Импровизираните тезги беа преполни со многубројни и разновидни новогодишни украси изработени од најразлични материјали и плод на детската имагинација и смисла за креација. Штандовите ги посети и „испазарува“ градоначалникот Љупчо Блажевски кој купи неколку предмети што до следната Нова Година ќе го красат градоначалничкиот кабинет.

- Секогаш сме подготвени да дадеме поддршка на вакви и слични манифестации во коишто главни креатори и модератори се учениците. Сметам дека на овој начин многу се постигнува во смисла на приближување на училиштето на потребите на учениците. Ваквите настани се своевидна оригинална форма на нивно приближување на учениците до животот и можност, секој ученик да се препознае и најде во своето училиште, да се поттикне и побуди пртприемничкиот дух и чувството на припадност – изјави градоначалникот Блажевски додавајќи дека оваа манифестација е приредена од учениците за учениците и повозрасните, а со најдобра и најсикрена намера, преку најубави и најоригинални пожелби, да ги честитаат новогодишните и божикните празници.

По затворањето на базарот, за сите присутни се одигра детска театарска претстава, а градоначалникот Блажевски, на сите присутни дечиња им врачи пригодно новогодишно пакетче.

Novogodisen_bazar-2

Novogodisen_bazar-3

Novogodisen_bazar-4

Novogodisen_bazar-5

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер