ПРЕДНОВОГОДИШНИ СВЕЧЕНОСТИ-2 PDF Печати
Вести
Novogodisna_pretstava-1

29.12.2016

НА ПЛОШТАДОТ СЕ ОДИГРА ДЕТСКА НОВОГОДИШНА ПРЕТСТАВА

Студеното време не ги спречи најхрабрите демирхисарчиња, на градскиот плочник денеска напладне да ја проследата детската театарска претстава „Снежни игри“. Пред многубројната детска публика настапи актерската екипа на „Детски театар“ од Битола.
Претставата беше исполнета со музика што прозлегуваше од самиот текст, односно од дејството на сцената.

Целта на оваа претстава, како што рекоа актерите, е да ги потсетиме децата на сите игри коишто некои претходни генерации ги играле надвор од домот, се забавувале, се дружеле и растеле во допир со природата.

На крајот од претставата, сите заедно го дочекаа Дедо Мраз кој испрати пораки до сите деца дека љубовта, мирот и другарувањето се најважните нешта во животот.

Претставата се одржа во организација и под покровителство на градоначалникот и Советот на општината.

Novogodisna_pretstava-2

Novogodisna_pretstava-3

Novogodisna_pretstava-4

Novogodisna_pretstava-5

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер