ПРОТОКОЛ PDF Печати
Вести
Dezurni_sluzbi_2017-2

01.01.2017

ГРАДСКИТЕ ДЕЖУРНИ СЛУЖБИ ГИ ПОСЕТИ ОПШТИНСКА ДЕЛЕГАЦИЈА

Делегација на Општина Демир Хисар, што во името на градоначалникот и претседателот на Советот на општината ја предводеа секретарот Љупчо Ангелевски и советникот Дејан Босилковски, ги посети градските дежурни служби и им врачи пригодни подароци.

Во службата за итна медицинска помош, наместо дежурните лекар, сестра и возач, беа затекнати „приправните“ сестри кои информираа дека во тој момент, службата за итна медицинска помош е на интервенција.

- Нема никакви проблеми во одвивањето на сообраќајот на локаните и регионалните патишта во Општина Демир Хиасар, сообраќајот се одвива во зимски услови и без никакви пречки – „рапортираа“ дежурните сообраќајци, а во полициската станица од општа надлежност, командирот Зоран Милевски, рече дека Демир Хисар е невообичаено „мирен“.

Речиси во ниту еден угестителскин локал нема организиран дочек на Нова Година, а тоа, како што рече Милевски, според некое непишано правило, значи дека нема да има посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.

Dezurni_sluzbi_2017-3Командирот на противпожарната единица Кире Мијаковски, исто така, со задоволство информира дека до моментот на посетата, не е пријавена никаква појава од пожар.

Делегацијата на градоначалникот и Советот, го посети и дежурниот работник на обезбедувањето на зградата на Општина Демир Хисар.

Dezurni_sluzbi_2017-4
Dezurni_sluzbi_2017-5
Dezurni_sluzbi_2017-6
Dezurni_sluzbi_2017-7
Dezurni_sluzbi_2017-8
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер