СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА PDF Печати
Вести
Zasle-5

16.01.2017

ЗИМАТА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ ПРИЧИНА ДА ЗАБОРАВИМЕ НА ЗАШЛЕ И НА ЦЕЛ ГОРНИ ДЕМИР ХИСАР

Најновите информации за состојбата со проодноста на локалните патишта и потребите на жителите од Горни Демир Хисар кои што будно се следат од паѓањето на првиот снег, беа една од причините, градоначалникот Љупчо Блажевски денеска да одржи вонредна работна средба со првиот човек на локалниот Центар за управување со кризи Љубе Николовски и директорот на Центарот за социјална работа, Јовче Крстевски. Од средбата произлезе потребата од повторна, трета по ред, посета на селото Зашле откако падна првиот снег пред околу десетина дена. 

Зашле е најоддалеченото населено место во Општина Демир Хисар што се наоѓа на надморска височина од над 1200 метри, но иако има современ асфалтен пат, многу е тешко и проблематично неговото одржување во зимски услови.

Во организација на локалниот центар за управување со кризи и раководителот Николовски, општината Демир Хисар и Општинскиот центар за социјална работиа беше формиран мобилен тим за посета што го предводеше градоначалникот Љупчо Блажевски.

Zasle-1Во вонредно тешки временски услови и со приватно теренско возило, мобилната екипа, нешто попладне, пристигна на Зашланското сретсело каде што имаше средба со дел од дваесетината редовни жители. Во тремот
на поранешниот задружен дом, градоначалникот Бажевски кратко се задржа во разговор со мештаните и врачи бесплатна донација во основни прехранбени намирници. Жителите на селото се заблагодарија на вниманието и донираната помош во храна и изразија огромно задоволство за покажаниот интерес на општината за жителите на ова најоддалечено и населено место од општинскиот центар – 30 километри. 

Едновремено, ги сфатија и причините заради кои што, заради вонредно лошата теренска конфигуранција, во вакви временски услови е речиси невозможен пристапот и на тешка механизација за расчистување на снегот.

- Додека сум градоначалник, нема да дозволам зимата и било каков киамет да бидат причина да не бидам во Зашле кога ќе посакам. Во ова село сум најмалки 4 – 5 дена во годината и се восхитувам на жилавоста, тврдокорноста и привразаноста кон родните огништа на оваа брсјачја горноселија – рече градоначалникот Блажевски во разговорот со домицилните Зашлани, кои и покрај дебелата снежна покривка, дојдоа на средбата со него.

Општината, Центарот за управување со кризи и Центарот за социјална работа, како и останатите партиципиенти во Општинскиот кризен штаб, се во постојана мобилност,
меѓусебна координација и комуникација, будно ја следат состојбата, па соодветно на условите и потребите, се интервенира на најкритичните места.

По посетата на Зашле, мобилната кризна екипа го посети и Велмевци каде што, на двете постојани жителки на селото, им донираа пакети во храна и санитетски материјал.

Zasle-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер