ТРАДИЦИИ - ВОДИЦИ 2017 PDF Печати
Вести
16114831_139780739858539_3939070646565328426_n

ВОДИЦИ СЕ СЛАВЕШЕ ВО 17 НАСЕЛЕНИ МЕСТА

19.01.2017

Во 17 населени места во Општина Демир Хисар, вчера беа организирани богојавленски свечености – фрлање на Светиот крст и симболично осветување на водите. Неколку илјади верници од Демир Хисар и соседните општини дојдоа покрај вировите, завирените селски водотеци и базентите да ја проследат оваа традиционална богојавленска процесија во која што директно учествуваа педесетина  млади капачи.


Најмасовно беше на централната богојавленска свеченост што по 23ти пат се одржа на мостот на Стара Река во населбата Мургашево. Во фаќањето на Чесниот крст  учествуваа 14 момчиња од Демир Хисар.

Сите богојавленски свечености се одржаа во организација на Македонската православна црква – ОА, односно црковните одбори и местните заедници, а општината Демир Хисар и оваа година, испрати свои делегации на сите 17 богојавленски свечености што ги предводеа градоначалникот Љупчо Блажевски, претседателот на советот Ѓоко Василевски, советници, секретарот Љупчо Ангелевски и раководители на јавни претпријатија и установи. На најсреќните и највешти капачи во сите населени места, во името на општината им беа врачени пригодни подароци.

15977372_1428375427172767_7926802813088899665_nГрадоначалникот Љупчо Блажевски присуствуваше на свеченостите во Белче, Суводол – Кутретино и Демир Хисар, а претседателот на советот, Ѓоко Василевски - во Смилево, Загориче – Утово, Стругово и Демир Хисар. Советничката Билјана Поповска го придружуваше претседателот на Советот, а советничката Надица Пејковска, заедно со директорката на Психијтриската болница Снежана Најдовска, беше во Доленци и Слоештица. Советникот Саше Темелковски заедно со секретарот Љупчо Ангелевски беа во нивните родни Света и Единаковци, а советникот Дејан Босилковски – во неговото родно Журче.

Советничката Валентина Ѓорѓиовска и директорот на средното училиште, Кире Ристевски, го придружуваа градоначалникот во Белче, Суводол - Кутретино и Демир Хисар.

 Директорот на „Комуналец, Пецо Наловски и командирот на пожарната Кире Мијаковски – беа во Слепче, директорот на ОУ „Гоце Делчев, Никола Најдовски и помдиректорот Билјана Блажевска беа во Вардино, а директорот на Здравствениот дом, Ацо Бошевски – во Жван. Директорите на градинката Гоце Мицковски и на ООУ „Браќа Миладиновци Никола Крстевски беа во Сопотница, додека Јовче Крстевски, Љубе Србиновски и Тихомир Пауновски,  директори на Центарот за социјална работа, Домот на културата и раководител на Центарот за вработување,  беа во Прибилци и Граиште.

16002784_139780673191879_6213217243540221166_nГрадоначалникот, претседателот на Советот и советниците, врачуваа златно крсте, икона изработена во манастирот Свети Јован Крсител и примерок од Светото писмо, а останатите делегации, покрај иконата и Светото писмо што, исто така ги обезбеди Општина ДемирХисар, на најуспешните капачи и врачија и други пригодни подароци.

16002888_139780806525199_534676416145026489_n

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер