ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ PDF Печати
Вести
Italijanska_investicija-1

02.02.2017

НОВА СТРАНСКА БРАУНДФИЛ ИНВЕСТИЦИЈА ВО ДЕМИР ХИСАР

Познат италијански производител на храна ќе отвора производствен погон во Демир Хисар. Деновиве интензивно и забрзано се работи на монтажа на опремата која што директно од Наполи беше транспортирана во Демир Хисар. Производствениот погон ќе биде сместен во приземниот простор на поранешната Стоковна куќа што инвеститорот го закупи на подолг временски период од грчки сопственици.

- Во погонот во Демир Хисар ќе вршиме дехидратација на лигуменози. Да бидам појасен, од нашите кооперанти ќе откупуваме и ќе изработуваме полупроизвод од зрнести плодови за потребите на индустријата за производство на супи – ќе се откупува, преработува и пакува зрнеста храна – грав, грашок, леќа, леблебии и други растенија -- вели сопственикот Алфонсо Писцетели и додава дека е исклучително задоволен од топлиот и срдечен прием на градоначалникот на Општина Демир Хисар кој, како што вели, целосно и лично се посветил и вложил да се обезбедат оптимални услови за отпочнување на оваа инвестиција

Вредноста на инвестицијата ќе достигне 1.000.000 евра.

Italijanska_investicija-2- Почетно се вработени 10 лица, а до крајот на годината инвеститорот најавува бројот на вработените да се зголеми на 20 лица – вели градоначалникот на општината Љупчо Блажевски, и открива дека дополнителен

бенефит од отворањето на овој капацитет ќе се стекне со таканаречените индиректни вработувања преку потпишување на кооперантски договори со потенцијалните производители од Демир Хисар и поширокиот регион на Пелагонија.

Италијанскиот инвеститор ќе произведува за однапред договорени купувачи во Европа, што ќе рече, пласманот е гарантиран и обезбеден на подолг период. Зависно од динамиката на монтерските работи, почетокот со работа се очекува за најмногу 10 дена.

После руската инвестиција на „Гришко“ во Слепче што започна со работа во 2012та година, овој погон е втора странска инвестиција во Општина Демир Хисар.

Italijanska_investicija-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер