ЛОКАЛНА ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати
Вести
Golem_grb
СООПШТЕНИЕ НА КОМИСИЈАТА ЗАЈАВНИ НАБАВКИ ВО ВРСКА СО ИЗГРАДБАТА НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ С. ОБЕДНИК - МАНАСТИР СВЕТИ ПЕТАР ДЕМИР ХИСАР
1.За реализација на проектот се обезбедени средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија како и кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) преку Буџет на општина Демир Хисар, програма ЈД - Изградба и реконструкција на локални патишта и улици.

2.Проценета вредност на набавката изнесува 28.713.703,00 денари без ддв.

3.Набавката ја спроведе Комисијата за јавни набавки во Општина Демир Хисар во состав: 1. Влатко Станковски – Претседател,
2. Соња Наумовска, член и
3. Јулијана Талевска, член, преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка:
„Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година.

4. За најповолен понудувач е избран ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ од Струмица, со понудена најповолна вкупна цена.
Договорот е склучен на 29.12.2016 година. Понудувачот ги достави потребните дополнителни документи согласно барањата во тендерската документација (Банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот и Полиса за осигурување на објект во градба).

5. Краен рок за целосна реализација на договорот е 14.08.2017 година, според првичниот динамички план кој го достави ДГТ ЖИКОЛ ДООЕЛ.(Треба да достават ревидиран динамички план, крајниот рок може да претрпи измена, меѓутоа не може да биде подоцна од 01.09.2017 г.)

6. Избрана е лиценцирана фирма за вршење на стручно-технички надзор врз изградбата ( ДООЕЛ МЕДКО Битола).

Штом дозволат временските услови веднаш може да се започне со изградбата.


Комисија за јавни набавки
Претседател
Влатко Станковски

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер