НАСЛЕДСТВО PDF Печати
Вести
11

18.02.2017

Во пресрет на канонизацијата на новомаченикот Кипријан Слепченски

ЖИТИЕТО И АКАТИСТОТ ГОТОВИ, ИКОНАТА СЕ ИЗРАБОТУВА – СЕ ЧЕКА ОДЛУКАТА НА СИНОДОТ

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, деновиве, на редовна синодска седница, треба да расправа и да донесе одлука за канонизирање во светител на монахот Кипријан Слепченски.

Подготовките што за овој возвишен црковен чин во моментов координирано ги прават градоначалникот Љупчо Блажевски, Митрополитот Петар, игуменот на манастирот Свети Јован Претече кај Слепче, јеромонахот Серафим и проф. Д-р Сашо Цветковски од Центарот за истражување на културното наследство при Македонската академија на науките и уметностите, а од неодамна и претседателот на цврковниот одбор во Слепче Раде Талевски, како што беше договорено уште во декември минатата година, добија тек и наредниов месец ќе се интензивираат.

12Во оваа смисла, во саботата се одржа повеќечасовен заеднички работен состанок во манастирот свети Јован Претеча на којшто, професорот Цветковски, на отец Серафим официјално му го предаде текстот за житието, богослужбата и акатистот за новомаченикот Кипријан Слепченски што ги напиша дипломираниот теолог м-р Виктор Недески, а до средината на април, ќе биде готова и иконата што се изработува во сестринското ателје на манастирот.

Чинот на канонизацијата ќе биде проследен со голема утринска архиерејска литургија на која се очекува да служат архиереи од неколку апархии, како и високи претставници од јавниот живот во Република Македонија. На литургијата ќе биде осветена првата икона со ликот на новомаченикот Кипријан, а потоа ќе се продолжи со осветување на темелите на новиот параклис посветен на свети Кипријан Слепченски, новата манастирска трпезарија и новиот конак што ќе се градат на северната страна од манастирскиот двор.

Што се однесува до останатите придружни активности и манифестации, на состанокот прелиминарно беше договорено, на денот на канонизацијата да претходат настани што ќе се случуваат во Слепче и во местната црква свети Никола, а следниот ден, по завршувањето на службениот дел на целата процесија, да настапи една позната македонска етно група. За сите присутни вреници, манастирот ќе организира ручек.

Чинот на канонизација треба да се случи на 30 април оваа година, ден што се поклопува со славењето на Велигден во 1780 година - ден на упокојувањето на Кипријан како резултат на тридневното мачење со спалување на неговото тело што се случило во дворот на манaстирот.

13
45
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер