НАСЛЕДСТВО PDF Печати
Вести
1

18.02.2017

ВО ЧЕСТ НА НОВОМАЧЕНИКОТ КИПРИЈАН СЛЕПЧЕНСКИ, МАНАСТИРОТ ЌЕ ГРАДИ ПАРАКЛИС И НОВИ ТРПЕЗАРИЈА И КОНАК

На денот на канонизацијата на првиот новомаченик на подрачјето на областа Демир Хисар, монахот Кипријан Слепченски, во дворот на манастирот свети Јован Претеча кај Слепче, ќе започне изградбата на три нови грандиозни објекти во еден градежен комплекс.

Станува збор за изградба на параклис посветен на новомаченикот Кипријан Слепченски кој по тридневното мачеништво, се упокоил на Велигден во 1780 година и бил погребан во дворот на манастирската црква, како и нова трпезариска сала што ќе може едновремено да прими над 200 лица.

Во големиот манастирски комплекс што ќе биде на неколку ката и во висина до манастирската камбанарија, ќе биде 2изграден и конак со 14 соби, односно, 60 легла – двокреветни, трокреветни и четирикреветни соби.

-          Тоа што свети Наум претставува за Охрид, тоа за Демир Хисар е свети Кипријан Слепченски. Неговото свето дело и живот поминат во мачеништво залужуваат во негова чест да се изгради параклис, а на денот на канонизирањето да започне изградбата на новата трпезарија и конак. Оти, ваквите објекти се многу значаен и битен елемент во една манастирска целина – рече старешината на манастирот јеромонахот Серафим на работниот состанок со познатиот македонски византолог, проф. Д-р Сашо Светковски, градоначалникот Љупчо Блажевски и претседателот на Црковниот одбор во Слепче, Раде Талевски.

На состанокот којшто целосно беше посветен на подготовките за претстојната канонизација на Кипријан Слепченски во светител, манастирскиот старешина го презентира идејниот план за новите објекти, ги сослуша предлозите и забелешките и рече дека, до 30. април, целосно ќе биде подготвен теренот за претстојните градежни работи.


3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер