НАСЛЕДСТВО PDF Печати
Вести
6

20.02.2017

ДАЛИ МОНАХОТ КИПРИЈАН БИЛ СЛЕПЧАНЕЦ?

Не постои пишан документ за местото на раѓање на Кипријан, што не ја исклучува можноста да бил и од Слепче. Но ако се има предвид дека во монашкиот живот, најмалку се дава акцент на местото на раѓање и на потеклото на монахот, сосема е разбирливо што монасите, покрај монашкото, го носат и името на местото каде служеле и каде се упокоиле.

Во православието има многу вакви примери, еден светец кој служел во повеќе манастири, да се сретне со различни имиња како додавка на монашкото: Лесновски, Кратовски, Рилски, Шангајски, Санфранциски итн.

Според досегашните научни сознанија се знае дека Кипријан служел во манастирот свети Јован Претеча кај Слепче и дека маченички се упокоил пред 147 години, односно на Велигден во 1780 година. Се претпоставува дека бил на возраст од околу 60 години.

Ова е одговорот на јеромонахот Серафим и проф- д-р Сашо Светковски, на ова прашање што во името на жителите на Слепче го постави претседателот на Црковниот одбор во Слепче, Раде Талевски кој додаде дека Слепчани кои, исто така се подготвуваат за големиот настан, биле заинтересирани за потеклото на новомаченикот Кипријан, односно, дали бил Слепчанец.

7

8
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер