ПРОТОКОЛ PDF Печати
Вести
1

17.02.2017

ОПШТИНА ДЕМИР ХИСАР СЕ ЗАКИТИ СО НАГРАДАТА BEST BRAND INTERNATIONAL

Во организација на битолската локална телевизија Орбис и продукцијата Видео Мозаик, на 17. овој месец, се одржа традиционалното доделување на престижната награда Best brand International што секоја година се доделува на најуспешните компании и поединци. 

Во свечена и гламурозна атмосфера во ресторанот Гламур во присуство на бројни гости, беа доделени 23 признанија на оние кои оствариле значителни успеси во претходната година, а кои беа препознати од страна на гледачите на ТВ Орбис, посетителите на веб страницата Bestbrandinternational како и релевантни фактори. Општина Демир Хисар беше еден од лауреатите којашто оваа награда ја доби за Развој на туризмот преку културно – историските обележја. Наградата ја прими градоначалникот Љупчо Блажевски.

Меѓу наградените се најдоа и туристичката агенција ТеоТравел, Аквалукс, Гирриг, Ангромаркетинг, Леон компани, градоначалникот на Општина Ресен Ѓоко Стрезовски, општините Могила, Демир Хисар и Ресен, групата БрасБрадерс, Везе Шари, Винер Осигурување, Зегин, АџибадемСистина, Сокотаб, ЈП Стрежево, НУУБ „Св. Климент Охридски“, битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“, Монтинг инженеринг и Ѓуро Илиќ.

2
3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер