НАЈНОВА ВЕСТ PDF Печати
Вести
sveti_jovan_preteca

26.02.2017


НАЈНОВА ВЕСТ

Светиот Архиерејски Синот на Македонската православна црква - Охридска Архиепископија, на редовната седница што ја одржа на 24. февруари, донесе одлука, на 30 април 2017 година, во манастирот свети Јован Претеча кај Слепче, да се одржи канонизација на игуменот свети Кипријан Слепченски.

Канонизацијата на свети Кипријан Слепченски ќе биде дел од програмата за одбележување на 50 годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската Православна Црква.

За оваа одлука, песпоговорно гласале сите архиереи на МПЦ - ОА.

Со официјализирањето на овој настан, се потврдува и програмата за настаните што ќе се случуваат во Слепче и манастирот свети Јован Претеча, на 29. и 30 април, за коишто пишувавме пред неколку дена.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер