ПРОТОКОЛ PDF Печати
Вести
So_dir._na_Bitl._zavod.-1

 

01.03.2017

Градоначалникот Блажевски се сретна со директорот на Заводот за заштита на културното наследство и музеј од Битола, Зоран Алтипармаковски.

ОПШТИНАТА И ЗАВОДОТ ПАРТНЕРСКИ  ЌЕ ПОТТИКНУВААТ, РАЗВИВААТ И РЕАЛИЗИРААТ ПРОЕКТИ

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски и директорот на националната узтанова Завод за заштита на културното наследство и музеј од Битола, Зоран Алтипармаковски се сретнаа и разговараат за претстојните активности и проектите на Заводот и проектите што општината

ќе ги реализира до крајот на годинава во областа на заштитата на културното наследство. Фокусот на интерес беше насочен, пред сѐ на дел од проектите кои со годишната програма за поддршка на проекти од национален интерес ќе добијат финансиска поддршка од Министерството за култура, но и подготовките околу најавената голема капитална инвестиција што треба да се случи во манастирот свети Јован Претеча кај Слепче.

So_dir._na_Bitl._zavod.-2При тоа заеднички се констатира дека Општината и Заводот се целосно подготвени да соработуваат во сите фази од реализацијата на одобрените и другите планирани проекти, а во таканаречената подготвителна фаза за изградба на објектите во Манастирот, непосредно и активно ќе се вклучат и ќе помогнат во навременото во обезбедување, изработка и издавање на целокупната планска документација.

Стана збор и за некои заеднички координирани активности околу заштитата на културното наследство коишто независно се во надлежност на Општината или Заводот.

На барање на претседателот на Црковниот одбор од Слепче, директорот  Алтипармаковски кој беше придружуван од  познатиот  експерт  Ристо Палигора, историчар на уметноста и виш конзерватор во Заводот, имаа средба со претседателот на Одборот Раде Талевски и ја посетија црквата свети Никола во Слепче. Разговараа за мерките што Одборот, заедно со одговорните во Митрополија и Заводот, координирано и итно треба да ги преземат за заштитата на фрескоживописот, бројните вредни икони и други вредни црковни артефакти.

So_dir._na_Bitl._zavod.-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер