50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА-1 PDF Печати
Вести
Sostanok_vo_mitropolija-4

13.03.2017

КАНОНИЗАЦИЈАТА НА КИПРИЈАН СЛЕПЧЕНСКИ ЌЕ БИДЕ ПРВ НАСТАН ОД ГОЛЕМАТА ПРОСЛАВА НА ЈУБИЛЕЈОТ НА МПЦ – ОА

На 30. април ќе се одржи првата свеченост од програмата за одбележување на големиот јубилеј на МПЦ – ОА, 50 години од возобновувањето на автокефалноста. На овој ден ќе се одржи канонизација на игуменот на манастирот свети Јован Претеча кај Слепче, монахот Кипријан Слепченски кој се упоколил на овој ден во 1780 година.

Ова беше констатирано на последниот заеднички состанок во Преспанско Пелагониската Епархија што  владиката Петар го одржа со градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски и познатиот византолог од Центарот за истражување на културното наследство во МАНУ, проф. Д-р Сашо Цветковски.

Од деталите што беа договорени на оваа работна средба прозлегоа заклучоци со коишто се произведуваат организациски и протколарни обврски, пред сѐ на Митрополијата и Општината, како и манастирската обител на свети Јован Пртеча.

Sostanok_vo_mitropolija-1Патем митрополитот Петар ги запозна присутните дека на  чинот на канонизирањето се очекува присуство на голем број верници, како од Демир Хисар, така и од целата земја, а според првичните најави, на чинот на канонизацијата ќе присуствуваат и учествуваат 10 митрополити на МПЦ – ОА, како и поглаварот, Неговото блаженство Стефан.

Пред крајот на состанокот, владиката Петар даде благослов, да продолжат сите започнати подготвителни активности и најави дека во периодот што следи, ќе се интензивираат контактите со општината во функција на што поуспешна организација на целиот настан. Градоначалникот Блажевски го информира Митрополитот дека општината ќе ги стави во функција и на располагање сите расположиви капацитети и во делокругот на нејзините надлежности, ќе направи сѐ, овој настан да помине на највисоко оргаизациско ниво.

Sostanok_vo_mitropolija-3

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер