50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АВТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА-2 PDF Печати
Вести
Miprijan-1

27.03.2014

НА ДЕНОТ НА КАНОНИЗАЦИЈАТА, ПРВПАТ ЌЕ

БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ МОШТИТЕ НА КИПРИЈАН СЛЕПЧЕНСКИ

Првпат по 237 години од трагичното упокојување, на  30ти април, на денот на канонизацијата , јавно ќе бидат изложени мошти од монахот Кипријан Слепченски. На сите верници што ќе присуствуваат на чинот на канонизирањето, манастирот ќе им поклнува памукче помазано од моштите на Кипријан. Моштите на монахот Кипријан пронајдени се пред неколку години во дворот на манастирската црква при изведувањето на некои градежни работи и се чуваат во истото сребрено ковчеже кое се спомнува во записите на Висарион и е пронајдено при истите градежни изведби. Бојата на моштите е невообичаено темна што е најоригинален показ дека Кипријан бил мачен и жив запален на Велигден во 1780 година.

На работниот состанок што деновиве се одржа во манастирот свети Јован Претеча кај Слепче, а на којшто, покрај Митрополитот Петар и други  претставници на епархиската администрација,  присуствуваа и јеромонахот Серафим кого го придружуваа  претставници на манастирската обител, проф. Д-р Сашо Цветковски од Центарот на изтражување на културното наследство при МАНУ, градоначалникот Љупчо Блажевски и  теологот м-р Виктор Недевски, професор на Богословскиот факултет во Скопје, исто така првпат беше прикажан цртеж со ликот на новомаченикот Кипријан што го изработиле монахињите. Како што беше речено, во моментов интензивно се изработува првата икона со ликот на новиот светец која ќе биде осветена на денот на канонизацијата.

Miprijan-2

Како што е веќе познато, на денот на канонизацијата на која што се очекува да присуствуваат  голем број официјални претставници на МПЦ – ОА, МАНУ, високи државни претставници и верници од цела земја, ќе се изврши осветување на  темелите на параклисот посветен на Кипријан Слепченски и новите трпезарија и манастирски конаци

Miprijan-3

Miprijan-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер