МЛАДИ И СПОРТ PDF Печати
Вести
1-stadion

 

29.03.2017

ВО ТЕК СЕ ЗАСИЛЕНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН

Петти ден градежната оператива засилено работи на реконструкцијата на фудбалското игралиште во Демир Хисар. По неколкумесечната пауза заради екстремно ниските зимски температурата, наглото затоплување ги принуди градежниците да се фатат за работа и да ги продолжат работите. Со цел постигнување на предвидените рокови, за време на зимата градежниците работеа на изработка на челичната конструкција за трибината и изработка на метални профили за поставување мрежна ограда.

Во моментов паралелно се работи на фасадното уредување на соблекувалните и поставување на челичните конструкции.

Зависно од временските прилики, со ваков интензитет работите ќе се изведуваат и во деновите што следат и, како што велат градежнците, ако помогне времето, може да се очекува објектот да биде готов до крајот на идниот месец.

2-stadion

Инаку за реконструкцијата на градското фудбалско игралиште во Демир Хисар што и покрај неоправданите негодувања и мајтапење на некои опозициски  кругови сепак се случува, општината обезбеди 7 милиони денари преку Агенцијата за млади и спорт, а со пари од сопствениот Буџет во износ од над 180 илјади денари, беше изработена и обезбедена целокупната техничка документација.

Во втората фаза од реконструкцијата, Општина Демир Хисар со свои пари ќе изгради и тениско игралиште што заедно со баскет игралиштето, ќе биде во склоп на стадионот.

3-stadion
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер