ЕЛЕМЕНТАРНИ НЕПОГОДИ PDF Печати
Вести
Pozar-3

31.03.2017

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО СМИЛЕВО

Вчера околу 13 часот, во Смилево избувнал голем пожар. Пожарот го зафатил катот и покривната конструкција на куќата на Илија Стамболиевски.

- Забележав голем чад низ очакот, а потоа и големи пламени јазици кои вирееја низ ѓерамидите. Од оваа глетка веќе бев сигурен дека гори куќата на соседите - ни раскажа првиот сосед на Илија од родот Стамболиевски. Веднаш потоа отишол во селската црква и во знак на тревога, почнал да ѕвони на црковната камбана. Ни рече дека за многу кратко време, речиси цело село било на нозе и се вклучило во гаснењето на пожарот кој што, заради силниот ветер почнал брзо да напредува и станал опасност и за соседните куќи.

За да биде несреќата поголема, во моментот на пожарот секнал селскиот водовод, па се црпела вода од најблиските бунари. Пожарот веднаш бил пријавен во локалната противпожарна единица којашто интервенирала со едно противпожарно возило. По Pozar-2интервенцијата на противпожарната екипа, пожарот бил локализиран, но направена е голема материјална штета. Целосно изгорела покривната конструкција, инсталациите како и целата покуќнина. Благодарение на присебноста на сопствениците, спасена е поголема количина на „живи“ пари во странска валута којашто, за среќа, била скриена во приземјето на куќата.

Случајот е пријавен и во Министерството за внатрешни работи, а неофицијално се дознава дека непосредна причина за пожарот бил неисправен електричен апарат.

Во посета на настраданото семејство беше градоначалникот на Општина Демир Хисар Љупчо Блажевски кого го придружуваше директорот на Шумското стопанство „Бигла“, Гоце Цветановски. Во разговорот со сопствениците, градоначалникот Блажевски вети конкретна почетна помош во пари, односно во градежен материјал за што побрзо санирање на последиците од пожарот.

Pozar-1
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер