ПАТНА ИНФРАСТРУКТУРА PDF Печати
Вести
Pat_Smilevo-1

31.03.2017

ЗАПОЧНАА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ РАБОТИ НА ПАТОТ ЗА СВЕТИ ПЕТАР

Во пресрет на официјалниот почеток на градежните работи, денеска започнаа подготвителните работи на трасата за новиот асфалтен пат до манастирот Свети Петар кај Смилево.

Градоначалникот Љупчо Блажевски и директорот на Шумското стопанство „Бигла“ денеска беа на увид, на лице место да се информираат за текот на работите околу сечење на дрвниот појас од североисточната страна на коловозот после што ќе започнат земјените работи околу пробивање на трасата.

Работите се одвиваат според планираното и според очекувањето, што ќе рече, официјалниот почеток на градежните работи ќе може да се одбележи во текот на идната недела.

Свечениот чин на почеток на работите ќе се одбележи на пригодна церемонија и со присуство на Pat_Smilevo-2свештенослужители од Преспанско - Пелагониската Епархија, претставници на Општината, како и голем број жители на Смилево, Обедник и другите населени места.

Pat_Smilevo-3
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер