КРВОДАРИТЕЛСТВО PDF Печати
Вести
Krvodariteli-2

07.04.2017

ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈДОБРИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ

По повод Денот на доброволното крводарителство и Меѓународниот ден на здравството, градоначалникот Љупчо Блажевски приреди прием за најдобрите демирхисарски крводарители. На пригоден начин, градоначалникот и претседателот на Собранието на Црвениот крст др. Ацо Бошковски ги прогласија новите повеќекратни крводарители на кои им беа врачени пригодни признанија и подароци за подарени 5, 10 и 25 крвни единици.

На средбата со градоначалникот беше речено дека Демир Хисар, според бројот на крводарителите е меѓу подобрите општини со остварен годишен план од дури 98 отсто, односно 258 доброволни крводарувања. Во текот на 2016. регистирани се 10 нови крводарувања, што ќе рече останатите крвни единици подарени се од останатите доброволни крводарители.

Општинскиот рекорд со најмногу крводарувања го држи Зоре Груевски кој има подарено крв 104 пати.

Krvodariteli-3

Krvodariteli-1
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер