РЕКРЕАТИВЕН СПОРТ И МЛАДИ PDF Печати
Вести
Turnir-1

12.04.2017

СЕ ОДРЖА ЗАВРШНАТА СВЕЧЕНОСТ ОД ТУРНИРОТ ВО МАЛ ФУДБАЛ

Во присуство на претставници на фудбалските екипи, денеска официјално беше одбележан крајот на годинашниот, трет по ред хуманитарен турнир во мал фудбал. На свеченоста присуствуваше градоначалникот Љупчо Блажевски кој во своето кусо пригодно обраќање рече дека општината во континуитет води грижа за поддршка и помош на семејствата во социјален ризик, овој пат преку организирана форма на рекреативен спорт.

- Тоа ќе го правиме и во иднина и ќе бидеме силни поддржувачи на секоја друга организирана форма на солидаризација со семејствата што се социјално загрозени и на кои секогаш и секаква помош им е повеќе од неопходна. Овој пат тоа го направивме непосредно пред годинашното празнување на Велигден - изјави градоначалникот Блажевски кој додаде дека од котизацијата на 13те екипи, собрани се нето 23. 400 денари, а од општинскиот буџет се одвоија уште 22.000 денари.

Со собраните и донираните 45.400 денари, набавени се прехранбени производи, производи за лична хигиена и средства за одржување на хигиена во поединечна вредност од 1.816 денари по пакет, односно 25 пакети за исто толку семсјтва.

Turnir-2

На денешната свеченост беа прогласени и победниците на турнирот, како и најдобриот играч, најдобриот голман и нај ферплеј екипите.

Пехарот за освоено прво место го освои екипата на основното училиште „Гоце Делчев, а за второ место, екипата на Млин „Жито брест“. Третото место го освоија „општинарите“, односно екипата од вработените во локалната самоуправа. За најфер играчи беа прогласени фудбалерите на Шумската полиција и Шумското стопанство „Бигла“.

Најдобра играч на турнирот беше прогласен Дарко Ангелевски од „Општина Демир Хисар, а голгетер на турнирот со постигнати 19 голови беше прогласен Николче Крстевски од екипата на основното училиште „Браќа Миладиновци“. Во конкуренција на голмани, за најдобар беше прогласен голманот на „Гоце Делчев“, Менде Станојоски.

Веднаш по завршувањето на свеченоста, претставници на натпреварувачките екипи ги делеа хуманитарните екипи. Градоначалникот Блажевски и секретарот Љупчо Блажевски, доделија два пакети на социјално загрозени лица во село Велмевци.

Turnir-3

Turnir-4
 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер