50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ - ОА - 3 PDF Печати
Вести
Kiprijan-ikona

13.04.2017

ЕКСКЛУЗИВНА ОБЈАВА:

ИЗРАБОТЕНА Е ИКОНАТА НА СВЕТИ КИПРИЈАН СЛЕПЧЕНСКИ

По повеќемесечна макотрпна работа, деновиве конечно е изработена иконата со ликот на свештеномаченикот Кипријан Слепченски кој треба да биде канонизиран на 30. април.
Иконата е изработена според најстрогите и важечки обичаи и правила во православието, односно старото сликарство.

Во една фаза од изработката, иконата беше на високостручна експертиза и доработка во Србија кај светски познати иконописци, посебно завршниот слој од ореолот и позадината на ликот, коишто се изработени во златописна техника, односно се обложени со висококаратно злато.

Ликот на светиот е производ на уметничката креација на манастирското сестринство, а мотивирано од таканаречените духовни содржини, состојби и сознанија за неговиот маченички живот во манастирот како игумен, како и записите за неговото мачеништово и градителска дејност.

Како што нè информира игуменот на манастирот Свети Јован Претеча, јеромонахот Серафим, на денот на канонизацијата на Кипријан Слепченски, сите присутни верници бесплатно ќе добијат по една фотографија од иконата на светиот.

Иконата е насликана на специјално обработено брезово дрво.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер
Банер