50 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВУВАЊЕТО НА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ - ОА - 4 PDF Печати
Вести
Kiprijan-pokana-1

13.04.2017

ПРЕСПАНСКО - ПЕЛАГОНИСКАТА ЕПАРХИЈА ЈА ОБЈАВИ ПРОГРАМАТА ЗА КАНОНИЗАЦИЈАТА НА КИПРИЈАН СЛЕПЧЕНСКИ

На 17 дена пред големиот црковно народен собир што ќе се одржи во манастирот Свети Јован Претеча кај Слепче, Преспанско - Пелагониската православна Епархија ја објави официјалната програма на настани што ќе се случуваат на 30. април по повод впишувањето на Свештеномаченикот Кипријан Слепченски во списокот на светите, кај народот познато како канонизација.

Свеченостите ќе започнат со утрена богослужба во манастирската црква, а нешто пред 09:00 ќе биде организиран пречек на Архиепископот на Охридски и Македонски, Неговото Блаженство, Господин Господин Стефан. Свеченостите ќе продолжат со Света Архиерејска Литургија на којашто ќе биде објавена Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ - ОА, за впишување во списокот на светите на светиот свештеномаченик Кипријан Слепченски, а ќе служат Архиепископот Стефан, митрополитот Петар, митрополити на други епрахии како и други свештенослужители на МПЦ - ОА.

По завршувањето на утрената богослужба на којашто ќе биде и осветена првата икона на Кипријан Слепченски што е изработена во сестринското ателје на манастирот Слепче, во манастирскиот двор ќе се одржи пригодна црковно - народна свеченост на којашто ќе бидат поставени и осветени темелите на новиот конак со параклис посветен на светиот.

Во целокупната организација на овој голем црковно - народен собир којшто според важноста и според очекуваната масовна посетеност се предвидува да биде досега најголем во историјата на манастирот и на тлото на општината, директно и непосредно е вклучена и локалната самоуправа Демир Хисар. Градоначалникот Љупчо Блажевски е во постојан контакт со првите луѓе на митрополијата и манастирската обител. Во заедничка координација и содејство, пред почетокот на настанот ќе бидат покренати голем број подготвителни активности што според нивната природа, спаѓаат во делот на надлежности на Општината, а Црквата, т.е. Манастирот, не е во можност да поднесе толкав организациски и финансиски товар.

На свеченоста, покрај повеќеилјадната посета на верници од сите краеви на државата, се очекува да присуствуваат и високи државни претставници.

Kiprijan-pokana-2

Со чинот на канонизација на Кипријан Слепченски започнуваат свеченостите по повод прославата на 50. годишнината од возобновувањето на Македонската православна црква - ОА.

 

Пријави проблем

Анкета

Банер
Банер
Банер